ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Јехова ќе ти помогне да бидеш храбар
Ако сѐ уште одиш на училиште, дали понекогаш ти е страв да кажеш дека си Јеховин сведок и да им сведочиш на другите? Ако да, како можеш да собереш смелост и да зборуваш за Јехова? (1Со 2:2). Зошто да го правиш тоа? Откако ќе го гледаш цртаниот филм Јехова ќе ти помогне да бидеш храбар, одговори на следниве прашања:
-
Кој пример од Библијата ѝ помогна на Софија да биде храбра?
-
Како ѝ помогна на Софија тоа што вежбаше заедно со нејзиното семејство како да проповеда?
-
Зошто да им проповедаш на соучениците?
-
Дури и да не си веќе ученик, какви поуки извлече од овој цртан филм?