ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Помогни им на твоите деца да го следат Христос
За родителите кои се христијани нема поголема радост од тоа да видат дека нивните деца се одрекле од себе, го зеле својот маченички столб и го следат Исус (Мр 8:34; 3Јо 4). Што можат да направат родителите за да им помогнат на децата да го следат Исус, да му го заветуваат својот живот на Јехова и да се крстат? Кои се некои показатели дека детето е спремно да го направи најважниот чекор во животот — да се крсти?
Прочитај го додатокот со наслов „До родителите“ од книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја на страници 165-166, а потоа размисли за следниве прашања: