Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА | ЗГОЛЕМИ ЈА РАДОСТА ВО СЛУЖБАТА

Истакни ги главните мисли со споредби

Истакни ги главните мисли со споредби

Кога правиме повторни посети или водиме библиски курсеви, треба да им помогнеме на интересентите да ги разберат главните мисли. За таа цел треба да користиме добри споредби кои ќе допрат до нивното срце и ќе им помогнат да ги запомнат главните поуки.

Кога се подготвуваш за повторна посета или библиски курс, размисли која споредба би можел да ја употребиш за да ги нагласиш главните мисли, а не некои ситни детали. Користи едноставни споредби кои се поврзани со работи од секојдневието на луѓето (Мт 5:14-16; Мр 2:21; Лк 14:7-11). Притоа земи предвид кои ситуации му се познати на интересентот и кои работи го интересираат (Лк 5:2-11; Јвн 4:7-15). Кога ќе видиш како очите му светнуваат од радост затоа што ја разбрал поуката, и ти ќе бидеш радосен.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НАЈДИ РАДОСТ ВО ПОУЧУВАЊЕТО — ПОДОБРИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ: ИСТАКНИ ГИ ГЛАВНИТЕ МИСЛИ СО СПОРЕДБИ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Зошто на интересентите им е потребна помош за да разберат некои библиски стихови?

  • Која споредба ја користеше Нита за да го објасни она што е запишано во Римјаните 5:12?

  • Добрите споредби допираат до срце

    Како можат добрите споредби да влијаат врз интересентите?

  • Кога сме во служба, зошто е важно да користиме видеоклипови и други публикации од Јеховината организација?