Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Укорот — израз на Јеховината љубов

Укорот — израз на Јеховината љубов

Укорот вклучува давање совет, поука, исправка или казна. Јехова нѐ укорува за да можеме да му служиме на прифатлив начин (Ри 12:1; Ев 12:10, 11). Понекогаш укорот може да ни причини болка, но ако го прифатиме, ќе ни помогне да бидеме праведни во Божји очи и да добиеме благослови (Из 10:7). Што треба да имаат на ум оние што даваат укор и оние што добиваат укор?

Оној што дава укор. Кога даваат укор, старешините, родителите или другите треба да го следат примерот на Јехова, односно да го прават тоа со љубов (Ере 46:28). Дури и строгиот укор треба да биде даден во соодветна мера и треба да биде поттикнат од љубов (Тит 1:13).

Оној што добива укор. Без разлика каков укор ќе добиеме, не треба да го отфрлиме, туку треба да се трудиме веднаш да го прифатиме (Из 3:11, 12). Бидејќи сме несовршени, одвреме-навреме на сите нам ни е потребен некаков укор. Јехова нѐ исправа преку она што го читаме во неговата Реч и преку она што го слушаме на состаноците. А понекогаш е потребно некој да добие укор и преку правен одбор. Ако спремно прифаќаме укор, уште денес ќе водиме подобар живот, а ќе имаме можност и да живееме вечно (Из 10:17).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ КОГО ЈЕХОВА ГО САКА, НЕГО И ГО УКОРУВА‚ А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Каков му бил животот на Кенон како дете, но што се случило потоа?

  • Како Јехова со љубов го укорил?

  • Труди се да имаш исправен став кон укорот од Јехова

    Какви поуки можеме да извлечеме од неговиот пример?