Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Остани подготвен на самиот крај од „последните денови“

Остани подготвен на самиот крај од „последните денови“

Со оглед на тоа дека живееме на самиот крај од „последните денови“, очекуваме да има сѐ поголеми неволји (2Ти 3:1; nwtsty белешка за Мт 24:8). Кога ќе се случи некоја катастрофа, Јеховините слуги честопати добиваат навремени упатства кои може да им го спасат животот. Нашето преживување во една таква ситуација може да зависи од тоа дали сега сме послушни на упатствата, односно дали се подготвуваме во духовен поглед и дали сме ги подготвиле неопходните работи (Лк 16:10).

  • Подготви се во духовен поглед: Стекни добри духовни навики. Научи да проповедаш на различни начини. Не дозволувај да те фати паника доколку привремено си одвоен од другите браќа и сестри (Иса 30:15). Не заборавај дека ништо не може да те одвои од Јехова и од Исус (od 176, пас. 15-17).

  • Подготви ги неопходните работи: Освен ранец за итни случаи, секое семејство треба во разумна мера да си обезбеди резерви на храна, вода, лекови и слично. Ваквите работи може да им се најдат доколку е потребно одреден период да бидат засолнети дома или на некое друго место (Из 22:3; g17.5 4, 6).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ДАЛИ СИ ПОДГОТВЕН ВО СЛУЧАЈ НА ПРИРОДНА КАТАСТРОФА?, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како може блискиот однос со Јехова да ни помогне ако сме погодени од некоја катастрофа?

  • Зошто треба . . .

    • да им ги дадеме на старешините нашите најнови контакт-информации?

    • да подготвиш ранец со неопходни работи?

    • како семејство да разговарате за тоа какви катастрофи можат да се случат во вашето место и како да постапите во такви ситуации?

  • На кои три начини може да им помогнеме на оние што биле погодени од некоја катастрофа?

ПРАШАЈ СЕ: „Што научив од пандемијата со КОВИД-19 во врска со тоа колку е важно однапред да се подготвиме за катастрофа?“