Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА | ЗГОЛЕМИ ЈА РАДОСТА ВО СЛУЖБАТА

Поучувај со воодушевеност

Поучувај со воодушевеност

Воодушевеноста може да има силно влијание врз другите. Ако сме воодушевени, луѓето ќе обрнат поголемо внимание на она што го кажуваме. Исто така, со нашата воодушевеност покажуваме дека пораката што ја пренесуваме ни е многу важна. Можеш да научиш да покажуваш воодушевеност без разлика на тоа каков си како личност или од каде потекнуваш (Ри 12:11). Што може да ти помогне во тоа?

Прво, размисли за тоа колку е важна пораката што ја пренесуваш. Имаш чест да објавуваш „добра вест за она што е добро“ (Ри 10:15). Второ, размислувај колку силно влијание може да има добрата вест врз животот на оние што те слушаат. Навистина, многу е важно луѓето да ја слушнат пораката за Царството (Ри 10:13, 14). И трето, зборувај со жар, и притоа прави спонтани гестови и искрени изрази на лицето.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НАЈДИ РАДОСТ ВО ПОУЧУВАЊЕТО — ПОДОБРИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ: ПОУЧУВАЈ СО ВООДУШЕВЕНОСТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Зошто Нита ја изгуби воодушевеноста кога ја поучуваше Џејд?

  • Што ѝ помогна на Нита повторно да биде воодушевена?

  • Воодушевеноста може да има силно влијание врз другите

    Зошто треба да се концентрираме на позитивните особини кај интересентите?

  • Како може нашата воодушевеност да влијае врз оние со кои проучуваме и врз другите?