Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Држи ги под контрола твоите желби

Држи ги под контрола твоите желби

Бидејќи сме несовршени, мора постојано да водиме борба за да ги држиме нашите желби под контрола. Ако им се препуштиме на нашите желби, би можеле да ја изгубиме Јеховината наклоност. Природно е да сакаме да имаме храна, облека и покрив над главата. Но, некои ги сакаат овие работи повеќе отколку Бог. Други, ги задоволуваат своите сексуални желби на начин кој не е во склад со Божјите мерила (Ри 1:26, 27). А некои, пак, попуштаат на притисокот од околината и прават погрешни работи за да им се допаднат на другите и да бидат прифатени (2Мо 23:2).

Како може да ги држиме под контрола нашите желби? Мора да даваме сѐ од себе да бидеме зафатени со духовни активности (Мт 4:4). Исто така, треба да го молиме Јехова да ни помогне да ги контролираме нашите желби. Зошто? Затоа што тој знае што е најдобро за нас и може да ги задоволи нашите исправни желби (Пс 145:16).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ПУШЕЊЕТО ДА ТИ ГО СКРАТИ ЖИВОТОТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Зошто некои луѓе пушат?

  • Какви последици носи пушењето?

  • Зошто е погрешно пушењето, како и користењето електронски цигари и наргиле? (2Ко 7:1).

  • Ти можеш да кажеш „не“ на пушењето!

    Како можеш да се спротивставиш на притисокот да пушиш и како можеш да прекинеш со оваа навика?