ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
„Љубовта... на сѐ се надева“
Поттикнати од несебична љубов, ние се надеваме дека нашите браќа и сестри ќе постапуваат исправно (1Ко 13:4, 7). На пример, ако некој брат направи грев и добие исправка, ние се надеваме дека тој ќе реагира исправно на помошта од старешините. Стрпливи сме со оние што се слаби во верата и се обидуваме да им помогнеме (Ри 15:1). Ако некој го напушти собранието, не губиме надеж дека еден ден пак ќе се врати (Лк 15:17, 18).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НЕ ЗАБОРАВАЈ ДЕКА ЉУБОВТА... НА СЀ СЕ НАДЕВА, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Кому Авенир му бил лојален и како тоа се сменило?
-
Како реагирал Давид на барањето на Авенир, а како Јоав?
-
Зошто треба да се надеваме дека нашите браќа и сестри ќе постапуваат исправно?