Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Помогни им на другите да изградат вера со помош на новата книга

Помогни им на другите да изградат вера со помош на новата книга

За да му угодат на Бог, оние со кои ја проучуваме Библијата мора да развијат силна вера (Ев 11:6). Со помош на книгата Радувај му се на животот засекогаш може да допреме до нивните срца. Оваа книга содржи стихови со кои се истакнуваат главните мисли, делотворни прашања, поучни видеоклипови и убави слики. Освен тоа, во неа работите се објаснети на едноставен начин. Кога им помагаме на интересентите да стекнат христијански особини и да развијат блиско пријателство со Бог ние, всушност, градиме со огноотпорни материјали (1Ко 3:12-15).

На некои им е тешко да веруваат дека можат да бидат пријатели со Бог бидејќи не можат да го видат. Затоа треба да им помогнеме да го запознаат Јехова како личност и да изградат вера во него.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ИЗГРАДИ ИМ ЈА ВЕРАТА ВО ЈЕХОВА СО ПОМОШ НА „РАДУВАЈ МУ СЕ НА ЖИВОТОТ ЗАСЕКОГАШ“, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Од каде знаеме дека сестрата беше добро подготвена за библискиот курс?

  • Како таа користеше добро осмислени додатни прашања за да дознае што мисли интересентката за зборовите од Исаија 41:10, 13?

  • Какво влијание имаа видеоклипот и библиските стихови врз интересентката?

Многу луѓе не разбираат каква вредност има откупнината или, пак, не ја сметаат како дар од Бог за нив лично (Га 2:20). Затоа мора да им помогнеме да изградат вера во откупната жртва на Исус.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ИЗГРАДИ ИМ ЈА ВЕРАТА ВО ИСУС СО ПОМОШ НА „РАДУВАЈ МУ СЕ НА ЖИВОТОТ ЗАСЕКОГАШ“, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Од каде знаеме дека братот беше добро подготвен за библискиот курс?

  • Како тој добро го искористи материјалот во делот „Истражувај“ за да му помогне на интересентот?

  • Зошто молитвата е многу важна?