Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Дали си подготвен во случај на граѓански немири?

Дали си подготвен во случај на граѓански немири?

Како што овој свет се ближи кон својот крај, очекуваме да има сѐ повеќе граѓански немири, тероризам и војни (От 6:4). Како може да се подготвиме за она што ќе следи во иднина?

  • Подготви се во духовен поглед: Барај библиски начела и извештаи кои ќе ти ја зајакнат довербата во Јехова и во неговата организација и ќе ти помогнат да останеш неутрален (Из 12:5; jr 125-126, пас. 23-24). Сега е време да си ги зајакнеме пријателствата со браќата и сестрите (1Пе 4:7, 8).

  • Подготви се во физички поглед: Направи си план каде би се засолнил ако не можеш да го напуштиш домот и обезбеди си разумни резерви од храна и од други неопходни работи. Направи си и план за евакуација. Провери го својот ранец за итни случаи, и стави во него пари и опрема за лична заштита, како што се ракавици и маски. Имај план како да стапиш во контакт со старешините, а погрижи се и тие да знаат како да стапат во контакт со тебе (Иса 32:2; g17.5 3-7).

За време на немири, продолжи со редовните духовни активности (Фп 1:10). Остани таму каде што си, освен ако треба да се евакуираш (Мт 10:16). Дели ја храната со другите, како и некои други неопходни работи (Ри 12:13).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ДАЛИ СИ ПОДГОТВЕН ВО СЛУЧАЈ НА ПРИРОДНА КАТАСТРОФА?, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како може Јехова да ни помогне во случај на катастрофа?

  • Што можеме да направиме за да бидеме подготвени?

  • Како можеме да им помогнеме на други кои се погодени од некоја катастрофа?