Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Користи ги тековните настани за да побудиш интерес во службата

Користи ги тековните настани за да побудиш интерес во службата

Исус ги користел тековните настани за да даде важни поуки (Лк 13:1-5). И ти можеш да ги користиш ваквите настани за да ги заинтересираш луѓето за пораката за Царството. Откако ќе спомнеш нешто околу високите животни трошоци, некоја природна катастрофа, граѓанските немири, злоупотребата на дрога или нешто друго, постави прашање што поттикнува на размислување. Би можел да прашаш: „Што мислите, дали некогаш ќе дојде крај на...?“ или „Што мислите, кое е решението за...?“ Потоа, прочитај библиски стих кој одговара на темата. Ако лицето покаже интерес, можеш да му покажеш видеоклип или да му понудиш нешто друго од нашите главни публикации за служба. Додека се трудиме да допреме до срцата на луѓето на нашето подрачје, и понатаму да правиме сѐ „поради добрата вест“ (1Ко 9:22, 23).

Кои теми ги интересираат луѓето на твоето подрачје?