Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Гледај на себеси како што гледа Јехова

Гледај на себеси како што гледа Јехова

„Јехова му се радува на својот народ“ (Пс 149:4). Иако сме несовршени, тој го гледа доброто во нас и какви би можеле да станеме во иднина. Но, понекогаш, може да ни биде тешко да ги гледаме добрите особини кај себе. Можеби се бориме со чувства на безвредност поради начинот на кој другите се однесуваат со нас. Или, ако постојано размислуваме за грешките од минатото, можеби мислиме дека Јехова не нѐ сака. Што може да ни помогне кога се бориме со такви чувства?

Не заборавај дека Јехова гледа нешто што луѓето не можат да го видат (1Са 16:7). Тоа значи дека тој го гледа она што ние самите не може да го видиме во нас. За среќа, Библијата ни помага да сфатиме како Јехова гледа на нас. Тоа го дознаваме од библиските стихови и извештаи кои ни откриваат колку многу Јехова ги сака своите слуги.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ УВЕРИ ГО СВОЕТО СРЦЕ ДЕКА ЈЕХОВА ТЕ САКА, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Што учиме од споредбата за тркачот и неговиот татко во врска со тоа како Јехова гледа на нас?

  • Ако некој направи тежок грев и ги направи потребните чекори за да се помири со Јехова, како може да го увери своето срце дека Тој го сака? (1Јо 3:19, 20).

  • Како на братот му користеше тоа што читаше и длабоко размислуваше за извештаите за Давид и Јосафат?