ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Дали ја користиш Библијата во аудиоформат?
Што претставува Библијата во аудиоформат? Тоа е, всушност, снимка од ревидираното издание на Превод Нов свет и излегува постепено, и тоа на сѐ повеќе јазици. Една одлика на Библијата во аудиоформат е тоа што за секој библиски лик се користи различен глас. Притоа, текстот се чита со исправно нагласување и со соодветни чувства за да може точно да се пренесе библиската порака.
Каква корист имаат некои од Библијата во аудиоформат? Многумина уживаат редовно да ги слушаат снимките од Библијата затоа што тоа им ги оживува настаните од неа. Тоа што слушаат различен глас за секој библиски лик им помага подобро да си ги претстават библиските настани и појасно да го разберат она што е запишано (Из 4:5). Кога се чувствуваат вознемирено, многумина ги смирува тоа што слушаат снимки од Библијата (Пс 94:19).
Кога ја читаме Библијата наглас, тоа може да има силно влијание врз нашиот живот (2Ле 34:19-21). Доколку Библијата во аудиоформат е достапна делумно или во целост на јазик што го разбираш, дали би можело слушањето на Библијата да стане дел од твоите секојдневни духовни активности?
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ КАКО СЕ СНИМАШЕ БИБЛИЈАТА ВО АУДИОФОРМАТ — ИЗВАДОК, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГО СЛЕДНОВО ПРАШАЊЕ:
Што најмногу ти остава впечаток во врска со снимањето на Библијата во аудиоформат?