Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Дали си подготвен за економска криза?

Дали си подготвен за економска криза?

Ние не сме изненадени ако, поради светските настани, дојде до економска нестабилност во светот. Зошто? Затоа што живееме на крајот од последните денови и Библијата нѐ предупредува да не се потпираме на „несигурното богатство“ (1Ти 6:17; 2Ти 3:1). Што можеме да научиме од примерот на цар Јосафат во врска со тоа како да се подготвиме за економска криза?

Кога му се заканувала опасност од непријателска војска, Јосафат имал доверба во Јехова (2Ле 20:9-12). Исто така, тој однапред презел практични чекори за да го подготви народот така што утврдил градови и поставил чети по земјата (2Ле 17:1, 2, 12, 13). Исто како Јосафат, добро е да имаме доверба во Јехова и да се подготвиме за тешки времиња.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ДАЛИ СИ ПОДГОТВЕН ВО СЛУЧАЈ НА КАТАСТРОФА?, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Што може да направи секој од нас лично за да биде подготвен за катастрофа?

  • Како може да бидеме подготвени за да им помогнеме на другите?