Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВ 6-10

Верниот Јов си ги кажува маките

Верниот Јов си ги кажува маките

Јов изгубил сѐ — имотот, децата, здравјето — но останал верен. За да ја скрши неговата беспрекорност, Сатана пробал да го обесхрабри. Му дошле тројца „пријатели“. Прво, се правеле дека многу го жалат. Потоа седеле седум дена со Јов без да кажат макар и еден збор за да го утешат. На крајот, му изнакажале еден куп тешки обвиненија.

Јов му останал верен на Јехова и покрај силниот притисок

6:3; 7:16; 9:20-22; 10:1, 12

  • Поради силната болка што ја чувствувал, Јов почнал искривено да гледа на работите. Дошол до погрешен заклучок дека на Бог не му е важно дали ќе му остане верен или не.

  • Разочаран, Јов не ни помислил дека Бог можеби и не е крив за она што го снашло.

  • Иако бил скршен од болка, Јов со љубов зборувал за Јехова.