Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Воскресението е можно благодарение на откупнината

Воскресението е можно благодарение на откупнината

Периодот околу Спомен-свеченоста е одлична прилика да размислуваме за благословите што ќе ги имаме во иднина благодарение на откупнината. Еден од нив е воскресението. Јехова никогаш немал намера луѓето да умираат. Токму затоа, нешто што ни причинува најголема болка е смртта на некој близок (1Ко 15:26). На Исус му паднало многу тешко кога ги видел своите апостоли колку се погодени од смртта на Лазар (Јвн 11:33-35). Бидејќи Исус е совршена слика на својот Татко, можеме да бидеме сигурни дека и на Јехова му е тешко кога гледа колкава тага ни носи смртта на нашите блиски (Јвн 14:7). Јехова многу се радува на времето кога ќе ги воскресне своите верни слуги. И ние со душа го чекаме тоа време (Јов 14:14, 15).

Бидејќи Јехова е Бог на редот, можеме да веруваме дека воскресението ќе се одвива организирано (1Ко 14:33, 40). Наместо да погребуваме мртви, ќе ги пречекуваме оние што ќе воскреснат. Размислуваш ли за воскресението, особено кога ќе почине некој? (2Ко 4:17, 18). Му благодариш ли на Јехова за тоа што ја обезбедил откупнината и што ни кажал во својата Реч дека мртвите ќе воскреснат? (Кол 3:15).

  • Кои пријатели и роднини особено сакаш да ги видиш при воскресението?

  • Со кој библиски лик најмногу сакаш да се запознаеш и да разговараш?