Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Како да ја користиме брошурата Јеховината волја

Како да ја користиме брошурата Јеховината волја

Брошурата Кој ја врши Јеховината волја денес? е предвидена да се разгледува со интересентот пред или после главниот материјал. * Поглавја 1-4 му помагаат да нѐ запознае, поглавја 5-15 да дознае нешто за нашите активности и поглавја 15-28 да види како функционира нашата организација. Најдобро е брошурата да се разгледа по ред, освен ако нешто посебно го интересира. Бидејќи секое поглавје е една страница, обично може да се обработи за 5-10 минути.

  • Нагласи го прашањето од насловот на поглавјето

  • Прочитајте го поглавјето заедно. Тоа може да го правите од почеток до крај или по делови

  • Дискутирајте за она што сте го прочитале. Користи ги сликите во брошурата и прашањата на долниот дел од секоја страница. Процени кои наведени стихови ќе ги прочитате и за кои од нив ќе дискутирате. Истакни дека поднасловите со масни букви даваат одговор на прашањето од насловот

  • Ако има рамка „Дознај повеќе“, прочитајте ја и поттикни го интересентот да ги примени предлозите

^ пас. 3 Најнова верзија на оваа брошура е електронското издание.