Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Како да ја користиме брошурата Запознај го Бог

Како да ја користиме брошурата Запознај го Бог

Брошурата Запознај го Бог ги објаснува основните библиски вистини со помош на слики и наменета е за лица што не знаат да читаат. Во секоја тема, која е обработена на две страници, има внимателно избрани слики и стрелки кои упатуваат по кој редослед да бидат разгледани.

Во брошурата Запознај го Бог и живеј засекогаш ги има истите слики како и Запознај го Бог. Разликата е што во неа има повеќе текст и може да се користи со лица што слабо читаат. Кога проучуваат со интересенти што ја користат Запознај го Бог, објавителите често следат во брошурата со повеќе текст. На многу места има и рамки со дополнителни информации. Во склад со способноста на интересентот, може да дискутирате и за нив.

Овие две брошури може да се нудат било кога, дури и ако не се на понуда за тековниот месец. Кога водиш библиски курс, користи ги сликите за да ги објасниш библиските извештаи. Поставувај прашања за да го вклучиш интересентот во дискусија и за да бидеш сигурен дека го разбира материјалот. Прочитајте ги стиховите на долниот дел од секоја страница и дискутирајте за нив. Откако ќе ја обработите оваа брошура, може да преминете на Што навистина учи Библијата? за да му помогнеш духовно да напредува и да се крсти.