Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Помагај му на твоето семејство да не го заборави Јехова

Помагај му на твоето семејство да не го заборави Јехова

Еремија добил задача да ги предупреди Евреите за уништувањето кое претстоело затоа што го заборавиле Јехова (Ере 13:25). Зошто израелскиот народ ослабнал духовно до тој степен? Семејствата во Ерусалим го занемариле пријателството со Јехова. Очигледно семејните поглавари не го следеле упатството од Јехова запишано во 5. Мојсеева 6:5-7.

Денес, духовно јаките семејства придонесуваат собранијата да бидат стабилни. Семејниот поглавар му помага на семејството да го засака Јехова така што се труди Семејната вечер да биде редовна, интересна и практична за сите (Пс 22:27). Откако ќе го изгледате видеоклипот „Овие зборови... нека ти се врежат во срцето“ интервјуа со семејства, одговорете на следниве прашања:

  • Како некои семејства успеваат редовно да ја одржуваат Семејната вечер и покрај предизвиците?

  • Кои се некои благослови ако Семејната вечер биде редовна, интересна и практична за сите?

  • Со какви предизвици се соочувам и како планирам да ги надминам за да имаме редовна Семејна вечер?