Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Како може да развиваме љубов кон Бог и кон ближниот?

Како може да развиваме љубов кон Бог и кон ближниот?

Иако како христијани не сме обврзани да го држиме Мојсеевиот закон, двете најголеми заповеди — да го сакаме Бог и да го сакаме ближниот — сѐ уште важат за нас (Мт 22:37-39). Љубовта не доаѓа само по себе — мора да ја развиеме. Како? Многу е важно секој ден да ја читаме Библијата. Кога читаме за прекрасните Божји особини, можеме да видиме „колку е добар Јехова“ (Пс 27:4). На тој начин, нашата љубов за него расте и почнуваме да размислуваме како него. Ова ќе нѐ поттикне да ги држиме Божјите заповеди во кои спаѓа заповедта да покажуваме самопожртвувана љубов кон другите (Јвн 13:34, 35; 1Јо 5:3). Еве неколку предлози како читањето на Библијата да ни биде поинтересно:

  • Оживеј си ги настаните и вклучи ги своите сетила. Замисли си дека си на местото на настанот. Погледни, слушни, помирисај. Пробај да ги разбереш чувствата на оние кои се вклучени во настанот.

  • Менувај го пристапот. Еве неколку идеи: Читај наглас или следи во Библијата додека слушаш аудиоснимка. Читај за некој лик или тема од Библијата наместо да читаш по ред. На пример, можеш да читаш за животот на Исус со помош на брошурката Да ја истражуваме Божјата Реч, делови 4 и 16. Прочитај го целото поглавје од каде што е земен дневниот стих. Читај ги библиските книги по хронолошки редослед, односно според времето кога биле напишани.

  • Читај за да разбереш. Дури и да читаш по едно поглавје секој ден, но притоа одвојуваш време да го разбереш и да размислуваш за него, е многу подобро отколку да читаш по многу поглавја само колку да поминеш материјал. Разгледај го контекстот. Пробај да ги забележиш деталите. Користи ги картите и маргиналиите. Истражувај барем за една мисла која не ја разбираш добро. Ако е можно, потруди се да размислуваш за материјалот исто толку време колку што ти требало за да го прочиташ.