Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 25

„Бдејте!“

„Бдејте!“

25:1-12

Иако Исус им ја упатил споредбата за десетте девици на помазаниците, поуката од оваа споредба се однесува на сите христијани (w15 15/3 стр. 12-16). „Бдејте, зашто не го знаете ниту денот ниту часот“ (Мт 25:13). Можеш ли да ја објасниш оваа споредба?

  • Младоженецот (стих 1— Исус

  • Разборитите девици (стих 2— помазани христијани кои верно си ги извршуваат своите задачи и кои ќе светат како светлоносци сѐ  до крајот (Фп 2:15)

  • Повикот: „Еве го младоженецот!“ (стих 6— доказите што покажуваат дека живееме во времето на Христовата присутност

  • Глупавите девици (стих 8— помазани христијани што излегуваат да го пречекаат младоженецот, но не остануваат будни и верни на Бог

  • Разборитите девици одбиваат да им дадат од своето масло на глупавите (стих 9— По конечното запечатување, верните помазаници веќе нема да можат да им помогнат на оние што му свртиле грб на Јехова

  • „Стигна младоженецот“ (стих 10— Исус доаѓа да изврши осуда пред самиот крај на големата неволја

  • Разборитите девици влегуваат со младоженецот на свадбата, и вратата се затвора (стих 10— Исус ги собира верните помазаници на небото, а на неверните им се одзема таа можност