Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Како да напишеш писмо

Како да напишеш писмо
  • Напиши ја твојата адреса на живеење. Ако сметаш дека тоа не е мудро, прашај ги старешините дали ќе ти одобрат да ја наведеш адресата на салата за состаноци заедно со твоето име и презиме. Меѓутоа, НИКОГАШ не треба да ја користиш адресата на подружницата како повратна адреса.

  • Ако знаеш како се вика станарот, обрати му се по име. Така ќе сфати дека не станува збор за некаква реклама, туку дека писмото е наменето за него лично.

  • Обрни внимание на правописот, граматиката и интерпункциските знаци. Писмото треба да изгледа уредно. Ако е рачно пишувано, треба да биде читко. Не треба да се изразуваш ниту премногу официјално ниту премногу неформално.

Во ова писмо е обрнато внимание на тие работи. Тоа е дадено само како пример, и целта не е да го препишеш од збор до збор кога сакаш некому да му посведочиш. Секогаш кога пишуваш писмо, имај на ум што сакаш да постигнеш со него, и притоа земи ги предвид околностите и културата на луѓето за кои е наменето.