Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — пишување писма

Стани повешт во службата — пишување писма

ЗОШТО Е ВАЖНО: Прво Коринќаните е едно од 14-те писма што ги напишал апостол Павле за да ги охрабри соверниците. Кога некој пишува писмо, има време внимателно да размисли кои зборови ќе ги употреби. Освен тоа, оној што го добил писмото може да си го прочита повеќе пати. Писмата се добар начин на кој можеме да им посведочиме на роднините и на луѓето што ги познаваме, како и на оние со кои не можеме да зборуваме лично. На пример, можеби некој покажал интерес за библиската порака, но никако не можеме да го најдеме дома. Освен тоа, некои луѓе на нашето подрачје можеби живеат во згради во кои е тешко да се влезе, во населби од затворен тип или, пак, во некое оддалечено место. Што треба да имаме на ум, особено кога писмото е наменето за некој што не го познаваме?

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Напиши го она што би го кажал кога лично би зборувал со тоа лице. Претстави се уште на почетокот и јасно наведи со која цел го пишуваш писмото. Би можел да му поставиш некое прашање за размислување и да му ја посочиш нашата интернет-страница. Потоа кажи му на кој начин може бесплатно да ја проучува Библијата или напиши ги насловите на неколку поглавја од некоја публикација за проучување. Би можел да приложиш и литература како, на пример, визит-картичка, покана или трактат.

  • Биди краток. Твоето писмо не треба да биде предолго за да не му здосади на оној што ќе го чита. (Види го писмото кое е дадено како пример.)

  • Провери го за да нема грешки. Види дали е напишано читко и јасно, и дали звучи пријателски, одмерено и позитивно.