Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Поучувај ги интересентите со видеоклипови

Поучувај ги интересентите со видеоклипови

Визуелните средства го задржуваат вниманието на луѓето и им помагаат да ги разберат и да ги запомнат поуките. Нашиот Најголем Учител, Јехова, користел визуелни средства за да пренесе важни поуки (1Мо 15:5; Ере 18:1-6). А истото го правел и нашиот Голем Учител, Исус (Мт 18:2-6; 22:19-21). Едно визуелно средство кое во последно време се покажа како прилично успешно се видеоклиповите. Дали ги користиш додека ги поучуваш твоите интересенти?

За да можеме подобро да поучуваме со брошурата Добра вест од Бог!, беа подготвени 10 видеоклипови. Насловот на речиси секој клип е ист со едно од прашањата во лекцијата, напишано со масни букви. Електронското издание на брошурата содржи и линкови кои ни помагаат да не заборавиме да го пуштиме соодветниот клип. Освен тоа, на располагање имаме и други видеоклипови кои може да ги користиме кога го поучуваме интересентот со помош на некоја од останатите главни публикации за служба.

Можеби со твојот интересент проучувате некоја библиска тема што не му е лесно да ја разбере. Или, можеби се соочува со некој проблем. За да му помогнеш, побарај некој видеоклип на jw.org® или на JW Broadcasting®. Би можеле и заедно да го гледате, а потоа да дискутирате за него.

Секој месец излегуваат нови клипови. Додека ги гледаш, размислувај во кои прилики би можел да ги употребиш за да ги поучуваш другите.