Што значи да се покажува христијанска љубов
Да покажуваме христијанска љубов не значи само да не возвратиме со иста мера кога некој ќе ни згреши, туку и да направиме нешто убаво за него. Во Римјаните 12:20 пишува: „Ако твојот непријател е гладен, нахрани го, ако е жеден, напој го, зашто, правејќи така, му натрупуваш жив жар врз главата“. Ако сме љубезни со некој што постапил лошо со нас, тоа може да има позитивно влијание врз него, па дури и да му падне жал што постапил на таков начин.
Како си се чувствувал кога некој што ненамерно си го повредил реагирал љубезно?