Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — сведочи им на слепи лица

Стани повешт во службата — сведочи им на слепи лица

ЗОШТО Е ВАЖНО: На многу слепи лица не им е пријатно да разговараат со непознати луѓе. Затоа, треба да бидеме многу вешти за да можеме да им посведочиме. Јехова со љубов се грижи за слепите лица (3Мо 19:14). Можеме да го следиме неговиот пример така што ќе преземеме чекори да им помогнеме да дознаат нешто повеќе за него.

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Дознај каде има слепи лица (Мт 10:11). Дали познаваш некого што има роднина кој е слеп? Дали на вашето подрачје има училишта, старечки домови или други објекти каде што некои би биле заинтересирани да земат публикации наменети за слепи лица?

  • Покажи искрен интерес. Едно слепо лице ќе се чувствува поопуштено ако се однесуваш пријателски и ако покажеш дека си искрено заинтересиран за него. Обиди се да започнеш разговор на некоја тековна тема што би можела да го интересира.

  • Помогни им да дознаат нешто повеќе за Јехова. За да им се помогне на слепите и на лицата со оштетен вид, нашата организација издава литература во различни формати. Прашај го лицето во кој формат би сакал да добива публикации. Надгледникот за служба треба да провери дали слугата за литература направил нарачка за публикации во соодветниот формат што го бара слепото лице.