Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Кого да поканам?

Кого да поканам?

Секоја година вложуваме голем труд за да ги каниме луѓето на нашето подрачје да дојдат на Спомен-свеченоста. Повеќето од нив не ги познаваме. Но, треба да ги каниме и оние што ги познаваме. Многу поголема е веројатноста да дојде некој што ќе добие покана од лице што го познава (yb08-SB 12, пас. 1; 14, пас. 2). Кого сѐ би можеле да поканиме?

  • Роднините

  • Колегите и соучениците

  • Соседите

  • Лицата што редовно ги посетуваме, како и оние со кои сме ја проучувале Библијата порано или со кои проучуваме сега

Освен тоа, старешините може да ги поканат оние браќа и сестри кои се неактивни. Но, што ако некој твој познајник живее на друго место? Можеш да дознаеш кога и каде ќе се одржи Спомен-свеченоста онаму каде што живее тој така што ќе одиш на jw.org во делот ЗА НАС кој се наоѓа во горниот дел на почетната страница и ќе кликнеш на „Спомен-свеченост“. Додека се подготвуваш за овогодишната Спомен-свеченост, размислувај на кои сѐ луѓе би можел да им дадеш покана, а потоа покани ги лично.