ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Подготви се за Спомен-свеченоста
Последната Пасха на Исус била од посебно значење. Бидејќи наскоро требало да умре, тој сакал да ја прослави Пасхата заедно со своите апостоли и да воспостави нова прослава која ќе се одбележувала еднаш годишно, Господаровата вечера. Затоа ги испратил Петар и Јован да подготват една горна соба (Лк 22:7-13; види ја сликата на насловната страница). Ова е поттик и за нас да се подготвиме за Спомен-свеченоста која ќе се одржи на 27 март. Собранијата најверојатно веќе направиле планови за говорникот, за симболите итн. Но што може секој од нас да направи за да се подготви за Спомен-свеченоста?
Подготви си го срцето. Следи го посебниот распоред за читање на Библијата што е предвиден за Спомен-свеченоста и длабоко размислувај за она што си го прочитал. Овој распоред можеш да го најдеш во брошурката Секојдневно истражување на Писмото. Подетален распоред има во дел 16 од брошурката Да ја истражуваме Божјата Реч. (Види и во Нашиот живот и служба — работни листови од април 2020.) Семејствата можат на нивната Семејна вечер да проучуваат за тоа колку е важна откупнината. Информации во врска со ова можат да најдат во Прирачникот за истражување на публикациите на Јеховините сведоци.
Покани и други на Спомен-свеченоста. Учествувај во акцијата во колку што е можно поголема мера. Размисли кого сѐ би можел да поканиш, на пример, некој кој го посетуваш, некој со кого порано си ја проучувал Библијата, роднини или други луѓе што ги познаваш. Старешините треба да ги поканат лицата што се неактивни. Ако некој што сакаш да го поканиш не живее во твоето место, можеш да дознаеш кога и каде ќе се одржи Спомен-свеченоста онаму каде што живее тој така што ќе одиш на jw.org во делот ЗА НАС кој се наоѓа во горниот дел на почетната страница и ќе кликнеш на „Спомен-свеченост“.
Што друго може да направиме за да се подготвиме за Спомен-свеченоста?