Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА | ЗГОЛЕМИ ЈА РАДОСТА ВО СЛУЖБАТА

Поставувај прашања

Поставувај прашања

Јехова, „среќниот Бог“, сака службата да ни причинува задоволство (1Ти 1:11). Колку подобри стануваме во службата, толку порадосни ќе бидеме. Прашањата ни помагаат да започнеме разговор и да побудиме интерес кај соговорникот. Освен тоа, прашањата им помагаат на луѓето да размислуваат и да дојдат до логични заклучоци (Мт 22:41-45). Кога некому ќе му поставиме прашање, а потоа внимателно го слушаме одговорот, како да му велиме: „Важно ми е твоето мислење“ (Јк 1:19). Неговиот одговор може да ни помогне да одредиме во кој правец да го насочиме разговорот.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НАЈДИ РАДОСТ ВО ПОУЧУВАЊЕТО — ПОДОБРИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ: ПОСТАВУВАЈ ПРАШАЊА, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Кои убави особини ги покажа Џејд?

  • Како со своите прашања Нита покажа интерес за Џејд?

  • Како со своите прашања Нита побуди интерес кај Џејд за добрата вест?

  • Како со своите прашања Нита ѝ помогна на Џејд да размислува и да дојде до логичен заклучок?