ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ
Внимавај да не станеш горд и самоуверен
Бидејќи станал горд и самоуверен, Кореј се побунил против начинот на кој Јехова го водел својот народ (4Мо 16:1-3; w11 15/9 27, пас. 12)
Кореј бил угледен маж од племето на Леви и веќе извршувал посебни задачи во службата за Бог (4Мо 16:8-10; w11 15/9 27, пас. 11)
Погрешното размислување на Кореј водело до страшни последици (4Мо 16:32, 35)
Не смееме да дозволиме она што сме го постигнале во службата за Јехова да нѐ направи горди и самоуверени. Колку подолго сме во вистината и колку поголеми одговорности имаме, толку поважно е да бидеме понизни.