ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Ниедна неволја нема да трае вечно
Неволјите можат да нѐ обесхрабрат, особено ако траат долго време. Давид знаел дека неговите неволји кои биле предизвикани од цар Саул еден ден ќе завршат и дека тој ќе стане цар — токму како што ветил Јехова (1Са 16:13). Тоа што Давид имал вера му помогнало стрпливо да чека на Јехова.
Кога се соочуваме со некоја неволја, може да користиме остроумност, знаење или способност за расудување за да ја промениме нашата ситуација (1Са 21:12-14; Из 1:4). Но, некои потешкотии сѐ уште ќе траат дури и ако сме направиле сѐ што можеме во склад со библиските начела. Тогаш мора да бидеме стрпливи и да чекаме на Јехова. Наскоро, тој ќе му стави крај на сето страдање и „ќе ја избрише секоја солза“ од нашите очи (От 21:4). Сеедно дали нашата неволја завршила бидејќи Јехова направил нешто или од други причини, едно е сигурно: Ниедна неволја нема да трае вечно. Оваа мисла може многу да нѐ утеши.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ОБЕДИНЕТ НАРОД ВО РАЗЕДИНЕТ СВЕТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Со какви предизвици се соочиле некои христијани во јужниот дел на САД?
-
Како покажале стрпливост и љубов?
-
Како останале сконцентрирани на она „што е најважно“? (Фп 1:10).