Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА | ЗГОЛЕМИ ЈА РАДОСТА ВО СЛУЖБАТА

Помогни им на интересентите да прекинат со лошите навики

Помогни им на интересентите да прекинат со лошите навики

Само оние што се чисти во морален поглед можат да имаат близок однос со Јехова (1Пе 1:14-16). Кога интересентите ќе ги искоренат лошите навики, тоа можеби ќе има позитивно влијание и врз нивната семејна, здравствена и финансиската состојба.

Јасно објасни им кои се Јеховините морални мерила, зошто ни ги дава и како ни користи кога живееме според нив. Помогни им да го променат начинот на кој размислуваат, бидејќи така ќе можат да го прават она што го бара Јехова (Еф 4:22-24). Увери ги дека со Јеховина помош ќе можат да променат некоја длабоко вкоренета лоша навика (Фп 4:13). Учи ги да им се молат на Јехова секогаш кога се на искушение да згрешат. Помогни им да ги препознаваат и да ги избегнуваат ситуациите во кои би им било потешко да постапат исправно. Поттикни ги да ги заменат лошите навики со корисни. Ќе чувствуваш радост кога ќе видиш како интересентите со Јеховина помош успеваат да прават промени.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПОМОГНИ ИМ НА ТВОИТЕ ИНТЕРЕСЕНТИ ДА ПРЕКИНАТ СО ЛОШИТЕ НАВИКИ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како старешините и Нита покажаа доверба во Џејд?

  • Каква помош ѝ пружи Нита на Џејд?

  • Како Џејд побара помош од Јехова?