ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Кои се твоите онлајн пријатели?
Се вели дека пријател е „некој кој е приврзан кон друг од љубов или почит“. На пример, Јонатан и Давид станале блиски пријатели откако Давид го убил Голијат (1Са 18:1). Тие се зближиле еден со друг затоа што и двајцата забележале убави особини кај другиот. Од тоа гледаме дека, за да бидеме пријатели со некого, треба добро да го запознаеме — за што обично е потребно време и труд. Но, на социјалните мрежи луѓето стануваат „пријатели“ само со еден клик на глувчето. Бидејќи на интернет луѓето можат внимателно да испланираат што ќе кажат и имаат влијание врз тоа како другите гледаат на нив, лесно е да скријат какви се навистина. Затоа, добро е однапред да одлучиш какви луѓе ќе прифатиш за свои пријатели. Ако некој што не го познаваш доволно ти испрати барање за пријателство, немој да се плашиш да го игнорираш или да го одбиеш неговото барање само за да не го повредиш. Размислувајќи за можните опасности, некои одлучиле воопшто да не користат социјални мрежи. Сепак, доколку одлучиш да користиш, што треба да имаш на ум?
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НЕМОЈ ДА СЕ ЗАПЛЕТКАШ ВО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
За што треба да размислиш пред да напишеш коментар или да објавиш слика?
-
Зошто треба внимателно да ги бираш твоите онлајн пријатели?
-
Зошто треба да го ограничиш времето што го поминуваш на социјалните мрежи? (Еф 5:15, 16).