Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Како да ги користиме видеоклиповите наменети за библиски курс

Како да ги користиме видеоклиповите наменети за библиски курс

Имаме четири видеоклипови наменети за библиски курс кои може да ги користиме во службата. Која е целта на секој од нив?

  • Зошто да ја проучуваш Библијата? (подолга верзија) има цел да поттикне некого да се заинтересира за Библијата без разлика на која религија ѝ припаѓа. Ги поттикнува гледачите да ги бараат одговорите на најважните животни прашања во Библијата, а дава и пример дека во неа може да најдеме логични одговори. Исто така, објаснува како може некој да побара библиски курс.

  • Зошто да ја проучуваш Библијата? (скратена верзија) има иста цел како и подолгата верзија само што е пократок. Може да биде корисен на подрачја каде што луѓето се многу зафатени.

  • Како би можел да ја проучуваш Библијата? е наменет да поттикне некого бесплатно да ја проучува Библијата и дава одговор на некои прашања околу тоа како се одвива курсот. Во него е прикажано како може да се побара библиски курс.

  • Уживај во библискиот курс! е наменет да им се покаже на оние со кои ја проучуваме Библијата. Овој видеоклип го има на 2. страница од книгата Радувај му се на животот засекогаш, но може да му го покажеме на интересентот и додека ја проучуваме со него брошурата Радувај му се на животот засекогаш. Во овој клип се спомнати некои од темите што се обработуваат во книгата, објаснува како ќе се одвива библискиот курс и како тој ќе му користи на интересентот.

Иако овие видеоклипови си имаат своја посебна цел, секој од нив може да го прикажеме или испратиме на некој интересент секогаш кога ќе забележиме дека е соодветно. Убаво е добро да се запознаеме со овие видеоклипови за да може да ги користиме во службата.