Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. ЈОВАНОВО 1-13; 3. ЈОВАНОВО 1-14; ЈУДА 1-25

Мора да се бориме за да останеме во вистината

Мора да се бориме за да останеме во вистината

Јуда 3

Исус ни го дал следниов совет: „Силно напрегајте се да влезете низ тесната врата“ (Лк 13:24). Со овие зборови тој истакнал дека мора да се бориме, односно да вложиме голем напор за да му угодиме на Бог. Под водство на светиот дух, и Јуда, полубратот на Исус, ги поттикнал христијаните силно да се борат за верата. Потребен е голем напор за да ги правиме следниве три работи:

  • да се чуваме од сексуален неморал (Ју 6, 7)

  • да ги почитуваме браќата што предводат во собранието (Ју 8, 9)

  • да си ја зајакнуваме верата во христијанските учења (Ју 20, 21)