„Ги знам твоите дела“
-
„Седумте ѕвезди“: Помазаните старешини, а во поширока смисла и сите други старешини.
-
„Во [Исусовата] десна рака“: Ѕвездите се во десната рака на Исус, а тоа значи дека тие се под негова власт, контрола и водство. Ако на некој од старешините му треба исправка, Исус ќе се погрижи тоа да се направи во вистинско време и на вистински начин.
-
„Седумте златни светилници“: Христијанските собранија. Исто како што светилникот во шаторот испуштал дословна светлина, така и христијанските собранија испуштаат духовна светлина (Мт 5:14). Исус оди меѓу светилниците во таа смисла што ги надгледува сите собранија.