Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 3. МОЈСЕЕВА 4-5

Дај му го на Јехова твоето најдобро

Дај му го на Јехова твоето најдобро

5:5-7, 11

Тоа што некој Израелец бил сиромашен не го спречувало да биде во мир со Јехова. Дури и најсиромашните Израелци можеле да му принесат прифатлива жртва на Јехова сѐ додека тоа било најдоброто што го имале. Тие можеле да принесат брашно, но Јехова очекувал тоа да биде „фино брашно“ кое обично го користеле кога приготвувале јадење за почесни гости (1Мо 18:6). Денес, Јехова ја прифаќа нашата најдобра „жртва на фалба“ дури и кога поради нашите околности не можеме да дадеме многу (Ев 13:15).

Како ова може да те охрабри ако поради нарушено здравје или поради тоа што веќе немаш толку сила не можеш да правиш онолку колку што си правел порано?