Мојсеј внимателно ги следел упатствата
Мојсеј совесно ги следел деталните упатства од Јехова во врска со изработката и поставувањето на светиот шатор. Слично на тоа, и ние треба со цело срце и без одложување да ги следиме упатствата што ги добиваме од Јеховината организација. Тоа треба да го правиме дури и кога ни се чини дека тие не се важни или кога не разбираме зошто биле дадени (Лк 16:10).
Зошто треба внимателно да ги слушаме и да ги следиме упатствата што ги добиваме...
-
на состаноците за проповедање?
-
во врска со тоа како да се подготвиме за итна медицинска интервенција?
-
во врска со тоа како да се подготвиме за природни катастрофи?