Доказ за Јеховиниот благослов
Јехова пуштил оган од небото кој целосно ја изгорел првата жртва паленица кога била воведена свештеничката служба на Арон и на неговите синови. Тоа било знак дека Јехова ги одобрува и целосно ги поддржува во таа нова служба. Кога Израелците го виделе овој силен доказ, им било јасно дека и тие треба да им дадат целосна поддршка на свештениците. Денес, Јехова го користи прославениот Исус Христос како поголемиот Првосвештеник (Ев 9:11, 12). Во 1919 год., Исус поставил една мала група помазани браќа да служат како „верен и разборит роб“ (Мт 24:45). Кои јасни докази ни покажуваат дека Јехова го благословува, го поддржува и го одобрува верниот роб?
-
И покрај непопустливото прогонство, верниот роб и понатаму обезбедува духовна храна
-
Како што било проречено, добрата вест се проповеда „по целиот свет“ (Мт 24:14)
Како може да покажеме дека целосно го поддржуваме „верниот и разборит роб“?