Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — сведочење по телефон

Стани повешт во службата — сведочење по телефон

ЗОШТО Е ВАЖНО: Сведочењето по телефон е важен начин на кој можеме темелно да сведочиме за добрата вест (Де 20:24). * Ова ни овозможува да проповедаме кога околностите не ни дозволуваат да имаме личен контакт со луѓето.

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Подготви се. Избери соодветна тема за разговор. Во кратки црти запиши што сакаш да кажеш. Исто така, би можел да се подготвиш накратко да објасниш зошто се јавуваш во случај да треба да оставиш говорна порака. Ќе ти биде од помош ако седиш на маса и ако пред себе го имаш она што си го запишал и некои други работи кои ќе ти бидат потребни, како на пример, електронски уред на кој ја имаш отворено jw.org® или апликацијата JW Library®.

  • Биди опуштен. Зборувај природно. Насмевнувај се и прави гестови исто како лицето да те гледа. Избегнувај да правиш непотребни паузи. Освен тоа, ќе ти биде од корист ако соработуваш со други додека сведочиш. Ако станарот ти постави прашање, повтори го на глас за да може твојот соработник да ти помогне да најдеш соодветен одговор.

  • Постави темел за повторна посета. Ако лицето покаже интерес, би можел да оставиш прашање за кое ќе зборувате следниот пат. Исто така, би можел да го прашаш дали сака електронски да му испратиш некоја публикација, лично да му ја доставиш или да му ја испратиш на некој друг начин. Освен тоа, би можел да му понудиш да му испратиш некој видеоклип или статија. Ако е соодветно, објасни му на кој начин може бесплатно да ја проучува Библијата или посочи му нешто од нашата интернет-страница.

^ пас. 3 Ако сведочењето по телефон е дозволено во твоето место, тогаш треба да се земат предвид законите за заштита на лични податоци.