Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 3. МОЈСЕЕВА 1-3

Целта на жртвите

Целта на жртвите

1:3; 2:1, 12; 3:1

Жртвите што Израелците ги принесувале под Мојсеевиот закон му биле угодни на Јехова и укажувале на откупната жртва на Исус, односно на благословите од таа жртва (Ев 8:3-5; 9:9; 10:5-10).

  • Исто како што жртвите кои биле принесувани требало да бидат без никаков недостаток, и Исус го принел како жртва своето тело кое било совршено, односно без никаков недостаток (1Пе 1:18, 19)

  • Исто како што за жртва паленица се принесувало целото животно, и Исус целосно му се дал себеси на Јехова како жртва

  • Исто како што оние кои принесувале прифатлива жртва на заедништвото биле во мир со Бог, и помазаните христијани кои земаат од симболите на Спомен-свеченоста се во мир со Бог