Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Како можат сестрите да прават повеќе за Јехова?

Како можат сестрите да прават повеќе за Јехова?

Сестрите имаат важен удел во делото за Царството (Пс 68:11). Тие водат многу библиски курсеви. Голем број од општите пионери се сестри. Освен тоа, илјадници вредни сестри служат во Бетел, како мисионери, како доброволци или слуги за изградба, и како преведувачи. Зрелите сестри ги зајакнуваат своите семејства и собранијата (Из 14:1). Иако не можат да служат како старешини или слуга-помошници, тие сепак можат да си поставуваат духовни цели. Ако си сестра, кои се некои цели што би можела да си ги поставиш?

  • Развивај убави особини (1Ти 3:11; 1Пе 3:3-6)

  • Помагај им на сестрите во собранието кои се понеискусни (Тит 2:3-5)

  • Труди се да поминуваш повеќе време во службата и да ја извршуваш поквалитетно

  • Научи друг јазик

  • Пресели се на место каде што има поголема потреба од објавители

  • Поднеси молба за Бетел или за да помагаш при изградба на теократски објекти

  • Поднеси молба за Школата за полновремени објавители

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ЖЕНИ КОИ СЕ ТРУДАТ ВО ГОСПОДАРОТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ НА СЛЕДНОВО ПРАШАЊЕ:

  • Како те охрабри она што го кажаа овие сестри?