Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Нашите молитви се скапоцени за Јехова

Нашите молитви се скапоцени за Јехова

Молитвите кои се прифатливи за Јехова се како мирисливиот темјан кој редовно му бил принесуван во храмот (Пс 141:2). Кога на нашиот небесен Татко во молитва му ја изразуваме нашата љубов и благодарност, кога му ги кажуваме нашите грижи и желби и кога бараме водство од него, му покажуваме колку многу ни значи пријателството со него. Се разбира, Јехова смета дека кратките молитви што ги кажуваме на состаноците се важен дел од нашето обожавање. Но, тој сигурно многу се радува кога во нашите лични молитви одвојуваме повеќе време за да му ги изразиме нашите најдлабоки мисли и чувства! (Из 15:8).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ МОЛИТВАТА Е НАЈВАЖНОТО НЕШТО ВО МОЈОТ ЖИВОТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Какви задачи во службата за Јехова имал брат Џонсон?

  • Како брат Џонсон се потпирал на Јехова во молитва?

  • Што научи од брат Џонсон?