ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Биди дарежлив
Исус укажал дека дарежливоста е заразна особина (Лк 6:38). Ако имаме навика да даваме, и нашите браќа и сестри ќе бидат поттикнати да бидат дарежливи.
Давањето е дел од нашето обожавање. Јехова ги забележува оние кои се дарежливи и кои од срце им помагаат на соверниците што имаат некаква потреба, и ветува дека ќе ги награди (Из 19:17).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ БЛАГОДАРНИ СМЕ ЗА ВАШАТА ДАРЕЖЛИВОСТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Како се користат твоите прилози за да им се помогне на браќата и сестрите?
-
Зошто треба да продолжиме да бидеме дарежливи без разлика на тоа колку можеме да дадеме? (Види ја и статијата „Како со вишокот се покрива недостигот“, која се наоѓа на jw.org.)