ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Како да даваме добри коментари
Добрите коментари го зајакнуваат собранието (Ри 14:19). Тие им користат и на оние што коментираат (Из 15:23, 28). Затоа, добро е да си поставиме цел на секој состанок да коментираме барем еднаш. Се разбира, нема да добиеме можност да коментираме секогаш кога ќе кренеме рака. Од таа причина, би било добро да си подготвиме неколку коментари.
Еден коментар е добар кога...
-
е едноставен, јасен и краток. Најчесто може да го изнесеме за 30 секунди или помалку
-
е изразен со наши зборови
-
не е само повторување на веќе коментирана мисла
Ако коментираш прв...
-
дај едноставен и директен одговор на прашањето
Ако прашањето е веќе одговорено, би можел...
-
да истакнеш како некој од наведените стихови ја поткрепува темата што се разгледува
-
да спомнеш како некоја мисла се однесува на нас
-
да истакнеш некоја мисла со која можеме да им помогнеме на другите
-
да раскажеш кратко искуство кое е во склад со темата