Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ИЗРЕКИ 12-16

Мудроста е повредна од златото

Мудроста е повредна од златото

Зошто Божјата мудрост е толку скапоцена? Бидејќи ни помага да не тргнеме по лош пат, и така ни го чува животот. Мудроста има позитивно влијание врз нашиот став, говор и постапки.

Мудроста нѐ чува од гордост

16:18, 19

  • Оној што е мудар е свесен дека сета мудрост произлегува од Јехова

  • Оние што се успешни или што имаат поголеми одговорности треба особено да се чуваат од гордост и вообразеност

Мудроста нѐ поттикнува да зборуваме позитивно

16:21-24

  • Мудриот човек се труди да го бара доброто кај другите и зборува позитивно за нив

  • Зборовите на мудриот се уверливи, но и благи како мед, а не груби и зајадливи