Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — поттикни ги заинтересираните да доаѓаат на состаноци

Стани повешт во службата — поттикни ги заинтересираните да доаѓаат на состаноци

ЗОШТО Е ВАЖНО: На секој состанок имаме можност со песна да го фалиме Јехова (Пс 149:1). Таму учиме како да ја вршиме неговата волја (Пс 143:10). Обично, заинтересираните лица многу побрзо напредуваат штом ќе почнат да доаѓаат на состаноци.

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Дај му покана колку што е можно побрзо. Не мора да чекаш најпрво да почнеш библиски курс (От 22:17)

  • Објасни му на лицето како изгледаат состаноците и за што ќе се зборува на следниот состанок. Би можел да ги користиш: поканата за собраниските состаноци, видеоклипот Како изгледаат состаноците на Јеховините сведоци? или 5. и 7. лекција од брошурата Јеховината волја

  • Понуди се да помогнеш. Можеби на некој што е заинтересиран му треба превоз или помош да избере соодветна облека. На состанокот седи до него и следете заедно во твоите публикации. Запознај го со другите