Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Ако на врата излезе дете

Ако на врата излезе дете

Ако на врата излезе дете, треба да го замолиме да викне некој од родителите. Така покажуваме почит кон нивниот авторитет (Из 6:20). Нема да влеземе ако детето нѐ покани внатре. Доколку родителите не се дома, ќе навратиме во друга прилика.

Дури и ако детето е поголемо, можеби на средношколска возраст, би требало да ги побараме неговите родители. Ако не се дома, може да го прашаме дали му дозволуваат сам да избира што ќе чита. Ако да, може да му понудиме литература или да му ја препорачаме нашата интернет-страница.

Ако некое младо лице покажало интерес, кога одиме на повторна посета треба да ги побараме неговите родители. Така ќе можеме да им објасниме зошто сме кај нив и да им покажеме колку мудри и практични совети дава Библијата за семејствата (Пс 119:86, 138). Ако покажуваме почит и обѕир кон родителите, ќе дадеме добро сведоштво, а можеби и ќе ни се укаже прилика да му ја пренесеме добрата вест на тоа семејство (1Пе 2:12).