Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ПСАЛМИ 135-141

Чудесно сме создадени

Чудесно сме создадени

Давид длабоко размислувал за убавите особини на Бог кои се гледаат од она што го создал. Тој бил цврсто решен да му служи на Јехова до крајот на својот живот.

Тоа што Давид длабоко размислувал за творештвото родило кај него желба да го фали Јехова:

139:14

  • „Те фалам полн со страхопочит зашто сум чудесно создаден“

139:15

  • „Моите коски не ти беа скриени додека бев создаван во тајност, додека ме ткаеше во најдлабоките длабочини на земјата“

139:16

  • „Твоите очи ме видоа додека бев зародок, во твојата книга сите негови делови беа запишани“