Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Замки кои треба да ги избегнуваш кога проучуваш со некого

Замки кои треба да ги избегнуваш кога проучуваш со некого

Премногу да зборуваш: Не мора ти да објасниш сѐ. Исус поставувал прашања за да ги поттикне луѓето да размислуваат и да дојдат до исправниот заклучок (Мт 17:24-27). Прашањата ќе ја направат дискусијата пожива и ќе ти помогнат да увидиш во што верува интересентот и дали го разбира материјалот (be 253, пас. 3-4). Кога поставуваш прашање, биди стрплив и почекај интересентот да одговори. Ако одговори погрешно, наместо ти да му го дадеш одговорот, постави му потпрашања за сам да дојде до него (be 238, пас. 1-2). Не брзај додека објаснуваш нешто ново за да може интересентот да го сфати (be 230, пас. 4).

Да комплицираш: Би можел да паднеш во замка да раскажеш сѐ што знаеш за темата што ја разгледувате (Јвн 16:12). Наместо тоа, концентрирај се на главните мисли од пасусот (be 226, пас. 4-5). Доколку внесеш премногу детали, дури и да се многу интересни, може да ги засенат главните мисли (be 235, пас. 3). Ако интересентот ја разбира суштината, премини на следниот пасус.

Само да го поминеш материјалот: Нашата цел е да допреме до срцето на интересентот, а не само да му пренесеме информации (Лк 24:32). Користи ја моќта на Божјата Реч така што ќе се концентрираш на главните стихови од материјалот (2Ко 10:4; Ев 4:12; be 144, пас. 1-3). Употребувај едноставни споредби (be 245, пас. 2-4). Земи ги предвид верувањата и проблемите на интересентот и приспособи го материјалот на него. Би можел да го прашаш: „Што мислиш ти за ова?“, „Што учиме за Јехова од ова?“, „Каква корист ќе имаш ако го примениш овој совет?“ и слично (be 238, пас. 3-5; 259, пас. 1).